На Роналдо му здодеаа шеиците – се враќа таму каде што ја почна епската приказна!

Кристијано Роналдо е на добар пат да ја заврши својата епизода во Саудиска Арабија, откако неколку португалски медиуми објавија дека ѕвездата размислува да не го продолжи договорот со Ал-Наср.

Причина за можното заминување, според извештаите, е неговото незадоволство од резултатите на клубот и недостатокот на освоени трофеи. Наводно, португалскиот напаѓач веќе размислува за враќање во Европа, каде би сакал да ја заокружи својата кариера. Како најреална опција се споменува Спортинг Лисабон – клубот во кој Роналдо ги направи првите фудбалски чекори. Враќањето во португалскиот шампион би му овозможило повторно да игра на високо натпреварувачко ниво и потенцијално да обезбеди место во репрезентацијата за Светското првенство што ќе се одржи следната година.

Португалецот пристигна во Ал-Наср пред две години, а за тоа време одигра 103 натпревари, постигна 91 гол и запиша 19 асистенции. Единствениот трофеј што го освои со клубот е Арапскиот Куп во својата прва сезона.