
Распродажба во Барселона по одличната сезона - само двајца фудбалери се сигурни!
Шпанските медиуми пишуваат дека само двајца фудбалери на Барселона се сигурни во екипата, а тоа се Ламин Јамал и Педри, додека сите останати би можеле да заминат доколку пристигне примамлива понуда.
Претседателот на клубот, Жоан Лапорта очигледно нема да се противи на идејата да продаде дел од фудбалерите, ако тоа значи подобрување на финансиската состојба на тимот, која не е најдобра во последните години.
Фото: Facebook/FC Barcelona