
Митко Стојковски поднесе оставка на претседателската функција во Пелистер!
Досегашниот претседател на клубот Митко Стојковски поднесе оставка на својата функција и притоа образложи кои се причините за тоа.
„„Заминувам од позицијата претседател на клубот и во иднина ќе бидам најголем навивач на Пелистер. Ќе останам само до транзициониот период кога ќе биде назначен новиот претседател. Главната цел според предвидениот буџет - опстанокот и стабилизацијата на клубот во Првата лига ја остваривме. Сепак, втората цел, која е финансиска стабилност на клубот не ја остваривме.
Една од причината за моето заминување е и непочитувањето кон клубот на тие што треба да го бодрат и во најтешките моменти. Му посакувам само успеси на клубот во иднина“, соопшти Стојковски.
Стојковски ја презеде претседателската функција во Пелистер во јануари 2023 година, по вонредното Собрание на клубот. Во тој период битолскиот тим беше второлигаш, а под негово водство успеа да се пласира во елитната конкуренција и оваа сезона ја заврши на шестата позиција.