Димитриевски го однесе Аликанте во АСОБАЛ лигата

Денеска официјално заврши основниот дел од сезоната во Втората лига на Шпанија, а директен пласман во повисок ранг обезбеди екипата на Аликанте.

Член на овој тим е македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски кој има долго искуство во шпанскиот ракомет и има огромен придонес што Аликанте првпат во својата кратка историја ќе игра во АСОБАЛ лигата. Во директниот дуел за првото место, Аликанте го совлада Бургос како гостин со 35-32 и ја освои титулата во второлигашката конкуренција.

 

 

Бургос заврши на третото место и заедно со Сиудад Реал, Синфин и Пуерто Сагунто ќе игра плејоф по кој ќе се знае вториот патник во елитата.