
Спортинг ја одбрани титулата во Португалија - првпат по 71 година
Во последното коло, во кое влезе како лидер, но со ист број бодови како Бенфика, Спортинг ја победи Виторија Гимараеш со 2-0 и првпат по 1954 година одбрани титула во португалскиот шампионат. Интересно е тоа што до трофејот дојде со Руи Боржес на клупата кој среде сезона дојде токму од Виторија Гимараеш, на местото на Рубен Аморим кој замина во Манчестер Јунајтед.
Головите на денешниот натпревар ги постигнаа Гонсалвес и Ѓекереш во второто полувреме, а на Спортинг ќе му беше доволен и бод бидејќи Бенфика ремизираше на гостувањето кај Брага.
Ова е трета титула за Спортинг во последните пет сезони, а доаѓа по 19-годишната суша, период во кој постојано беше зад најголемите ривали Бенфика и Порто.