
Динамо го врати Бобан, Хајдук ќе одговори со враќање на своја голема легенда!?
Хајдук на лето ќе прави големи промени, а ниту една функција во клубот не е сигурна.
Динамо Загреб претходно го официјализираше враќањето на Звонимир Бобан, па интересот на Хајдук за Билиќ хрватските медиуми го толкуваат како одговор на сплитскиот клуб.
Билиќ подолго време се поврзува со враќање во Хајдук, минатото лето се шпекулираше дека ќе биде дел од управата на клубот, но тоа не се случи.
Сегашните информации велат дека тој би можел да стане новиот претседател на Хајдук.
Билиќ е роден во Сплит, во Хајдук научи да игра фудбал, откако мина 11 години во младинската школа на клубот, во 1988 го имаше своето деби за сениорскиот тим, а потоа ја почна интернационлната кариера. Тој и се збогуваше со фудбалот како играч на Хајдук во сезоната 1999-2000.