Морбидно: Навивачите на Џенова му направија „погреб“ на големиот ривал (ВИДЕО)

Поранешниот италијански шампион Сампдорија доживеа нов шок и испадна во Серија Ц, а тоа најмногу го прославија навивачите на нивниот голем ривал Џенова.

По ремито меѓу Сампдорија и Јуве Стабија, навивачите на Џенова решија да го прослават на морбиден начин. Фановите на калчолигашот му направија „погреб“ на големиот ривал и славеа со песна.

Во екипата на Сампдорија игра поранешниот македонски талент Ниикола Секулов кој е позајмен од Јувентус.