
Жена му на Шчесни ќе одлучи дали голманот ќе остане во Барса или ќе се пензионира
Среде сезона влета во Барселона како замена за повредениот Марк Андре Тер Штеген и имаше огромен придонес во големите успеси на каталонскиот тим. Со оглед на тоа што германскиот голман веќе се врати во тимот, неколку недели се поставува прашањето што ќе се случува со Шчесни на крајот од сезоната. Неговиот одговор на оваа дилема е мошне интересен.
„Нема да кријам, имам понуда да останам во Барселона уште две години, веќе ми ја претставија, но побарав малку време да одлучам. Морам тоа да го направам заедно со семејството. Мојата сопруга ќе биде таа која ќе одлучи дали остануваме или одиме на Марбеља да играме голф.
Ѝ должам таа одлука да ја донесеме заедно, а тоа уште не сме го направиле. Таа носи најголем од одлуките и не ми е срам поради тоа. Наскоро ќе решиме бидејќи важна е логистиката: школо, преселба... Засега уште размислуваме“, изјави Шчесни.
Се очекува конечната одлука да биде донесена до крајот на месецот за да ѝ се овозможи на Барселона да го планира летниот преоден рок. Ако остане, Полјакот ќе има улога на резервен или ротационен голман, покрај Тер Штеген.