
Бостон во проблеми: Тејтум поради повреда ќе паузира цела година!?
Тејтум беше одличен на теренот против Њујорк никс, но во завршницата се повреди и го остави Бостон во немилост до крајот на средбата (113-121).
Според неофицијални информации, Тејтум има проблеми со ахиловата тетива и поради тоа ќе ја пропушти следната сезона.
Раководството на Бостон, сепак, најави дека ќе го испрати Тејтум на дополнителни медицински прегледи, по кои ќе биде утврдено колку ќе паузира кошаркарот.