
Интер за смешна сума ќе го откупи Залевски од Рома!
Залевски оваа сезона ја игра на позајмица во Интер со опција за целосен откуп од 6,5 милиони евра.
Нероазурите ќе ја искористат оваа опција и ќе го откупат полскиот фудбалер. Со тоа веќе и нема да има дилеми дали ќе настапи на Светското клупско првенство.
Во Интер чувствуваат дека сумата од 6.5 милиони евра за Залевски е смешна и таквиот договор треба да се искористи.
Залевски има само 23 години и неговата професионална кариера штотуку почна.
Тој дел од потенцијалот го покажа во Рома, но волчицата не го цени доволно, одреди ниска цена која ќе му биде добредојдена на Интер.