Јунајтед загуби од Вест хем на „Олд Трафорд“, Кристал Палас го шокира Тотнем (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед продолжи со лошите настапи во Премиерлигата, па така денеска загуби од Вест хем со 0-2 на „Олд Трафорд“. Ништо подобро не помина ниту Тотнем кој во лондонското дерби беше поразен од Кристал Палас со 0-2, додека Нотингем Форест ремизира против Лестер (2-2).

Вест хем поведе со 1-0 на гостувањето во Манчестер со голот на Соучек во 26. минута од средбата, а со тој резултат двете екипи заминаа на пауза.

„Ѓаволите“ почнаа да се будат во второто полувреме и да напаѓаат кон голот на гостите од Лондон, но не ги реализираа шансите, а казната стигна преку Боуен (2-0).

Херој на Кристал Палас на гостувањето кај градскиот ривал Тотнем беше Еберчи Езе, кој ги постигна двата гола, и тоа во 45. и 48. минута, по што домашниот состав никако не успеваше да фати ритам во мечот.

Нотингем Форест и Лестер одиграа интересен меч, при што „лисиците“ први постигнаа погодок преку Коуди во 16. минута, а потоа поранешниот европски првак стрелаше преку Гибс-Вјат и Вуд за 2-1. Сепак, гостите успеаја да постигнат и втор гол преку Буонаноте за конечни 2-2.

Standings provided by Sofascore

Фото: EPA PHOTO