Голем гест на Ал-Келаифи: Ќе ги награди сите 600 вработени во ПСЖ

Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, ќе oбезбеди сите 600 вработени во клубот да го гледаат финалето на Лигата на шампионите во живо, на 31 мај, кога „светците“ ќе се соочат со Интер на стадионот на Баерн Минхен.

„Горди сме што сме едно семејство, семејството на Пари Сен Жермен, кое гордо го претставува Париз и Франција на големата сцена. Затоа сите наши вработени ќе имаат можност во живо да го бодрат тимот на стадионот во Минхен во финалето на Лигата на шампионите. Ви благодарам за вашиот труд, посветеност, професионалност и страст кон клубот“, стоело во писмото кое Ал-Келаифи го испратил до сите вработени.

ПСЖ по вторпат во историјата ќе игра во финалето и ќе се обиде за првпат да дојде до најпосакуваниот трофеј во клупсиот фудбал во Европа. 

Фото: PSG/X