Момчето кое доби шише во глава од кошаркар на Партизан изледа - масакрирано (ФОТО)

Пред неколку дена во Белград се случи сериозна тепачка во која учествуваа и тројца кошаркари на Партизан, а еден од нив, Карлик Џонс со шише удри млад маж во главата и последиците од хаосот се страшни.

Американскиот кошаркар најпрво го удри мажот со шише во главата, по што тој падна, а Џонс го фрли остатокот од скршеното шише врз повредениот, од кој се појави фотографија на социјалните мрежи и истиот изгледа масакрирано.

Партизан преку соопштение претходно информира дека нивните кошаркари Карлик Џонс, Стерлинг Браун и Исак Бонга биле први нападнати, по што возвратиле.