Охридско дете го однесе Панатинаикос на Ф4, магична партија на Чеди Осман!

Панатинаикос со 75-67 ја доби мајсторката против Анадолу Ефес и се пласираше на завршниот турнир од Евролигата, најдобар на теренот беше Охриѓанецот Чеди Осман.

Панатинаикос е последниот тим кој се пласираше на фајнл-фор турнирот во Евролигата, тие им се приклучија на Монако, Фенербахче и Олимпијакос.

Најдобар на денешниот натпревар беше Џеди Осман кој веројатно го одигра најдобриот свој меч во Евролигата.

Момчето кое е родено во Охрид, мечот го заврши со 28 поени и осум скокови, беше убедливо најдобар на теренот. Втор стрелец во тимот на Панатинаикос беше Нан со 12 поени. Кај Ефес најефикасен беше Брајант со 16 поени.

Денеска се одигра и мајсторката меѓу Монако и Барселона која ја доби францускиот тим со 85-84 и со 3-2 се пласираше на завршниот турнир.

Џејмс со 20 поени беше најефикасен во составот на Монако, Пантер реализираше 19 за Барселона. 
 

Фото: ЕПА