
Вардар сака дома против Струга да ја продолжи серијата без пораз!
Вардар, кој по лошиот старт во сезоната успеа да се консолидира и од пред неколку кола стана јасно дека „црвено-црните“ нема да стравуваат за опстанок, сега се наоѓа на шестото место со 38 бода. „Црвено-црните“ се во одлична форма, имаат три победи во низа и вкупно 14 натпревари се без пораз. Со оглед на тоа што Гостивар се повлече од лигата и останатите натпревари на гостиварци до крајот ќе бидат регистрирани со службени порази, Вардар има реална шанса да напредува уште едно место на табелата.
Струга, од друга страна, моментно е четвртопласирана со 48 бода, но влегува во натпреварот по три последователни нерешени средби.
Ова ќе биде и единствениот натпревар од ова коло преостанатите три средби се играат утр во истиот термин од 17:00 часот. Натпреварот се игра на тренинг центарот Ново Лисиче, „Петар Милошевски“.
Брера – Шкупи
Шкендија – Работнички
Тиквеш – Беса
Пелистер - Воска спорт (Службени 3-0)
Силекс - Гостивар (Службени 3-0)