
Кристал Палас го сопна Нотингем Форест во трката за пласман во ЛШ
Натпреварот во Лондон понуди големи возбудувања, а прв до водство стигна домаќинот во 60. минута преку Езе од пенал.
Само четири минути подоцна Нотингем Форест преку Муриљо успеа да израмни на 1-1 и да ја врати надежта дека може да триумфира против незгодниот ривал.
Кристал Палас, сепак, беше подобар противник во финишот и имаше неколку шанси, а постигна и гол кој беше поништен поради офсајд.
Нотингем Форест има 61 бод на шестата позиција по 35 одиграни кола, додека Кристал Палас се наоѓа на 12. место со 46 поени.
Фото: Facebook/Crystal Palace Football Club