Струмица го надигра Штип и ја одбрани шампионската титула!

Одбојкарите на Струмица вечерва триумфираа против Штип УГД за трет триумф во финалната серија (3-1) со што ја одбрани шампионската титула.

Струмица тргна одлично во натпреварот и го доби првиот сет со 25-21, по што следеше уште подобра игра во вториот кој ѝ припадна со 25-19, додека Штип покажа знаци на живот во третиот сет кој му припадна со 25-16.

Во четвртиот сет следеше голема борба меѓу одбојкарите. Струмица поведе со 20-13, но потоа следеше одлична серија на Штип за 22-21. Сепак, во завршницата домаќинот успеа да ја одбрани титулата.

Струмица со оваа победа стана 12. пат во историјата шампион на Македонија.