
Дефинитивен колапс на некогашното „златно момче“: Жоао Феликс заминува од Европа
На негови 25 години, станува јасно дека за Португалецот нема место во европската фудбалска елита. Иако смени неколку гиганти како Атлетико, Барселона, Милан и Челси, никаде не остави длабока трага и најверојатно ќе си замине од „стариот континент“. Негова следна дестинација многу веројатно ќе биде Бразил, имајќи предвид дека интерес за него покаже Фламенго.
Првично таму ќе замине како позајмен играч, а можно е договорот да биде откушен во 2026 година.