Пиоли веќе не е опција, наследникот на Раниери во Рома ќе биде големо име!?

Навивачите на Рома не го сакаа Стефано Пиоли, отворено протестираа против негово назначување, па клубот ги прекина преговорите со него, сега фаворит за наследник на Раниери е Масимо Алегри.

Информациите од Италија велат дека раководството на Рома е во преговори со Алегри, тој е нивниот прв фаворит за нов тренер.

Самиот Клаудио Раниери го посочил Алегри како решение за тренерската клупа на Рома.

Волчицата под водство на Раниери игра фантастично, но тој нема намера да ја промени одлуката за пензионирање, па ќе стави крај на кариерата по оваа сезона.