Фудбалерот обвинет за обложување се расплака поради жолт картон (ВИДЕО)

Не е реткост фудбалерите да пуштат солзi на терен, но вистински е ретка сцена да некој расплаче поради жолт картон, токму тоа му се случи на бразилскиот репрезентативец Лукас Пакета во вчерашното лондонски дерби меѓу Вест Хем и Тотенхем кое заврши  без пообедник 1:1.

Во 73. минута од натпреварот, Пакета направи прекршок на средината од теренот врз тинејџерот Мајки Мур, по што доби жолт картон. Наместо вообичаена реакција, следуваа шокантни сцени, офанзивецот на „чеканите“ се расплака и не можеше да ги сокрие емоциите.

Неговите соиграчи веднаш притрчаа да го утешат, а тренерот на Вест хем го замени само седум минути подоцна, иако формално не беше исклучен. Причината за ваквата реакција не е официјално позната, но се верува дека е поврзана со тешкиот личен период низ кој минува Пакета, кој веќе две години е под истрага за наводна вмешаност во обложувачки скандал.

Неговата сопруга, Дуда Фурние, се огласи веднаш по натпреварот преку социјалните мрежи, пружајќи поддршка на својот сопруг.

„Мојот сопруг има сила на која му се восхитувам. Живееме во овој кошмар веќе две години, а тој секогаш останува силен. Само сакам луѓето да го почитуваат. Луѓето се злобни и неправедни, а ништо не знаат“, напиша таа.

Инаку, Пакета беше пред трансфер во Манчестер сити пред два преодни рока, но зделката пропадна токму поради сомневањата околу неговата вмешаност во скандал со обложување.