Олимпијакос го победи Реал среде Мадрид и се пласира на фајнл-фор!

Олимпијакос ќе се бори за трофејот од Евролигата откако го победи Реал Мадрид со 86-84 и со 3-1 ја доби серијата која го однесе меѓу најдобрите четири.

Реал Мадрид не успеа да се избори за мајсторка, Олимпијакос слави пласман на завршниот кошаркарски турнир од Евролигата.

Натпреварот беше неизвесен до самиот крај, но финишот му припадна на гостинскиот тим кој на крајот победи со 86-84 и дојде до билет на местото каде што ќе се дели трофејот.

Фурние со 23 поени беше најефикасен во составот на Олимпијакос, Хезоња реализираше 21 за Реал Мадрид.

Во полуфиналето Олимпијакос ќе игра со победникот од дуелот меѓу Барселона и Монако.