
Пелистер се пласира на Ф4-турнирот во Купот на Македонија
Битолчани беа фантастични на теренот и доминираа во првото полувреме, кое им припадна со 25-10, по што без проблеми го диктираа темпото во вторите 30 минути и славеа со 50-25.
Најефикасен во победничкиот состав беше Павле Петровиќ со осум голови, додека Антонио Сантос запиша седум погодоци за Радовиш.
Пласман на Ф4-турнирот во Купот на Македонија веќе обезбеди поранешниот европски шампион Вардар.