
И Гостивар напушти терен, Првата лига на раб на нерегуларност! (ФОТО)
На шест минути пред крајот на мечот, домашните фудбалери го напуштија теренот, очигледно незадоволни од судиските одлуки. По кратка расправа, целата екипа на Гостивар си замина и нема да се врати. Во моментот на прекинот, резултатот беше 2-1 за Работнички кој до предноста дојде со пресврт со головите на Ангелов и Дејли откако претходно Гостивар го отвори резултатот преку Ервин. По десетминутно чекање, судиите исто така го напуштија теренот, додека фудбалерите на Работнички останаа на теренот да го чекаат епилогот.
Воска за напуштањето на теренот беше казнета со девет бода и одлучи да истапи од лигата. Каква ќе биде казната за Гостивар, ќе се знае дополнително, но ако и овој клуб, кој е спонзориран од турски газди, се реши да се повлече од Лигата, сериозно ќе биде доведена во прашање регуларноста на Првата лига.