Најубавата фудбалерка со танц ја прослави титулата во Серија А! (ВИДЕО)

Швајцарската репрезентативка, Алиша Леман која според многумина е најубавата фудбалерка во светот, со симпатичен танц ја прослави титулата со Јувентус во Серија А.

Алиша Леман минатото лето од Астон Вила се пресели во Јувентус поради нејзиниот партнер Даглас Луис кој побара таа да биде дел од неговиот трансфер во гигантот од Торино.

На крајот испадна дека нејзината кариера во женскиот клуб на Јуве стана подобра отколку на Даглас Луис.

Женскиот клуб на Јуве ја освои Серија А, а атрактивната фудбалерка славеше на необичен и весел начин – танцувајќи со своите соиграчки во ритамот на песна од познатата колумбиска пејачка Карол Г.

Видеото од тој момент го објави и Јувентус на социјалните мрежи.