Кендрик Нан од Панатинаикос е МВП на сезоната во Евролигата

Американскиот интернационалец Кендрик Нан е прогласен за најкорисен играч во сезоната 2024/25 во Евролигата.

Кошаркарот на Панатинаикос имаше одлична сезона која ја заврши како најдобар стрелец со просек од 21,1 поен по натпревар, а додаде уште 4,3 асистенции, 3,6 асистенции 1 украдена топка. Панатинаикос го освои третото место во основниот дел, но тоа не беше пречка Нан првпат во својата кариера да се закити со ласкавото признание.

Оваа сезона е втора за Нан во Панатинаикос и воопшто во европската кошарка, лани ја освои титулата во Евролигата, а и сега неговиот тим е меѓу фаоритите за трофејот. Претходните сезони, МВП признанието одеше кај Мајк Џејмс, Александар Везенков, Никола Миротиќ, Василије Мициќ итн.