Валверде со гол во 93. минута го остави Реал во живот за титулата во Ла Лига! (ВИДЕО)

Реал Мадрид со 1-0 го победи Атлетик Билбао благодарение на прекрасен гол на Федерико Валверде во третата минута од судиското продолжение.

Кралскиот клуб се мачеше да го победи одличниот Билбао, но сепак ја оствари целта и ги освои трите бода со кои останува во трка за титулата.

Клучниот момент се случи во 93. минута кога Валверде постигна уште еден свој прекрасен гол за победа од 1-0.

Реал Мадрид се врати на минус четири бода од Барселона, до крајот на сезоната има уште шест кола.