Ѓоковиќ е хит поради бурната рекација на победничкиот гол на Реал Мадрид (ВИДЕО)

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, синоќа беше гостин на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, каде што во живо го следеше натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Атлетик Билбао (1-0).

Српскиот ас го искористи слободното време во Мадрид, каде што се подготвува за престојниот Мастерс турнир, за да биде дел од фудбалскиот спектакл. Тој во ложата беше во друштво на својот син Стефан и тим-менаџерот Карлос Гомез-Ерера, а камерите го уловија токму во моментот кога Федерико Валверде го постигна победничкиот гол во последните секунди од натпреварот.

Ѓоковиќ имаше бурна реакција – прво со изненаден израз на лицето, а потоа скокна од седиштето, шокиран од спектакуларниот погодок. Неговата реакција веднаш стана вирална на социјалните мрежи, слично како и емоциите кои ги покажува Рафаел Надал – страстен навивач на Реал и потенцијален иден претседател на клубот.

Ждребката за Мастерсот во Мадрид ќе се одржи утринава, кога Ѓоковиќ ќе го дознае својот прв противник на патот кон стотиот трофеј на еден АТП турнир.

ФОТО: X / Novak Gjokovic