
Откажани сите денешни натпревари во Италија поради смртта на Папата
Папата почина денеска, по долго боледување, на 88-годишна возраст и тоа предизвика тага на Апенинскиот полуостров, како и кај целиот католички свет. Денеска требаше да се играат четири натпревари од елитната конкуренција во италијанскиот фудбал: Торино-Удинезе, Кањари-Фиорентина, Џенова-Лацио и Парма-Јувентус.
Шест меча од ова коло веќе се играа во текот на викендот, додека одложените најверојатно ќе се одржат во пресрет на последниот круг кој е закажан за 25 мај.