
Аталанта го победи Милан на Сан Сиро и го исфрли од трката за место во ЛШ! (ВИДЕО)
Единствениот гол на натпреварот го постигна Едерсон во 62. минута по една долга прекрасна акција. Погодок кој се покажа како клучен за победата на Аталанта.
Милан се обидуваше да избегне пораз, но тоа пред се беа јалови напади.
Милан по овој пораз и дефинитивно ги губи шансите за петтото место на табелата, тие сега се деветти со 51 бод, а на петтата позиција е Јувентус со 59 и натпревар помалку.
До крајот на сезоната има уште пет кола.