Дончиќ призна: Далас ми го скрши срцето! (ВИДЕО)

Лука Дончиќ во шокантен трејд се пресели од Далас маверикс во Лос Анџелес лејкерс, додека во спротивна насока замина Ентони Дејвис и тоа уште долго време ќе биде една од главните теми во НБА-лигата.

Дончиќ првпат откри детали за тоа како дознал за трејдот и како реагирал на истиот. Словенецот беше најголема ѕвезда на Далас, па неговото заминување ги разочара навивачите на тимот од Тексас.

„Бев во мојот кревет кога дознав за трејдот. Три пати помислив дека е 1 април, денот на шегата. Почувствував голема тага, тоа беше шок за мене. Далас ми го скрши срцето“, откри Дончиќ.