Попович пренесен во болница откако се онесвестил во ресторан (ВИДЕО)

Тренерот на Сан Антонио спарс, Грег Попович завршил во болница во вторникот откако се онесвестил во ресторан додека вечерал со пријатели.

Американските медиуми пишуваат дека здравствената состојба на искусниот стратег не е најдобра, но засега нема официјална информација од страна на клубот.

„ТМЗ“ објави видео од инцидентот и медицинската реакција откако стратегот загубил свест, а истото може да се погледне ТУКА.

Попович на 2 ноември минатата година доживеа мозочен удар, по што беше соопштено дека нема да се врати на кормилото на тимот до крајот на сезоната.