Клоп нема да биде тренер на Реал Мадрид, ниту селектор на Бразил!

Во последните денови се шпекулира дека Јирген Клоп може да биде нов тренер на Реал Мадрид, но се чини дека нема да има ништо од тоа.

Имаше информации дека Клоп наводно прифатил да ја слушне понудата од Реал Мадрид, но неговиот агент сега негира било каква поврзаност на Германецот со клупата на кралскиот клуб.

„Јирген е многу среќен во новата улога во Ред Бул. Тој е комплетно фокусиран и среќен тука“, изјави агентот Марк Косицке на прашањето дали Клоп би можел да стане тренер на Реал Мадрид или селектор на Бразил.

Се чини дека поранешниот тренер на Ливерпул останува на својот став да се тргне од тренерската работа.