Вирц сака да замине на лето, има листа од три клуба за кои би заиграл!

Големи се шансите дека Флоријан Вирц ја игра последната сезона во дресот на Баер Леверкузен, интересот за него е голем, а германскиот клуб може да заработи многу.

Според германскиот весник „Билд“, Вирц преферира трансфер во Реал Мадрид.

Манчестер Сити му е втора опција, а Баерн Минхен трета.

Тој во договорот со Леверкузен има откупна клаузула од 125 милиони евра, германскиот клуб не планира да го продаде под таа цена, па кој ќе сака да го купи ќе мора да ја плати полната сума.