Турците тврдат: Осимен си договори трансфер во Манчестер Јунајтед

Голгетерот на Галатасарај, Виктор Осимен ќе ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед, тврдат медиумите во Турција.

Нигериецот ги договорил личните услови со „црвените ѓаволи“ и би требало годишно да заработува по 15 милиони евра. Осимен е сопственост на Наполи, но поради конфликт со управата на клубот кое не му дозволи да направи трансфер, минатото лето замина на позајмица во Галатасарај. Таму игра фантастично и на 34 натпревари оваа сезона веќе постигна 29 гола, додека Галата е на чекор од шампионската титула во домашното првенство.

И покрај тоа што ги договори личните услови, нема гаранција дека Осимен ќе се пресели во Јунајтед бидејќи премиерлигашот треба да постигне согласност со Наполи. Откупната клаузула изнесува 120 милиони евра, ама постојат шпекулации дека Јунајтед не планира да понуди повеќе од 80 милиони.