„Реал Мадрид мислеше дека со повеќе црни фудбалери ќе доминира во Европа“

Градоначалникот на Куеренсе, Гонзало Перез Џакомо предизвика бура со изјавата која ја даде за Реал Мадрид и која имаше расистичка конотација.

Откако Реал Мадрид беше елиминиран во четвртфиналето од Лигата на шампионите, Џакамо се огласи на социјалните мрежи и го критикуваше изборот на фудбалери на раководството.

„Реал Мадрид мислеше дека со доведувањето на многу црни играчи ќе биде физички доминантен, тоа е како да не разбирате ништо за фудбалот или атлетиката“, објави Џакомо.

Набрзо по неговата објава бурно реагираше јавноста во Шпанија осудувајќи го ваквиот коментар.