Солшер го враќа Митровиќ во Европа?

Капитенот на репрезентацијата на Србија, Александар Митровиќ повторно игра во добра форма и беше стрелец во вчеашната победа на Ал Хилал над Ал Калеха.

Митровиќ е еден од најважните фудбалери во составот на Жорж Жесус, но сега се шпекулира дека би можел да се врати во европскиот фудбал.

Турските медиуми пренесуваат дека за Митровиќ заинтересиран е Бешикташ и преговорите за потенцијален ваков трансфер веќе започнале.

Се истакнува дека Митровиќ е голема желба на Солшер кој наредната сезона сака да има тим конкурентен на Галатасарај и Фенербахче кои во Турција се издвојуваат од другре клубови.

Во овој момент Бешикташ е петти тим во турската Суперлига со 50 бодови, но и натпревар помалку од Самсунспор и Ејуспор кои се пред тимот на норвешкиот стратег.