Санчез ќе го напушти Удинезе, еден клуб е фаворит да го доведе

Aлексис Санчез ја заокружи својата европска епизода со враќањето во Удинезе, а изгледа дека неговата бајка ќе има уште еден убав момент, можеби и последен во кариерата.

Поранешниот напаѓач на Арсенал и Барселона го започна европскиот пат во Удинезе каде што игра и денес. Сепак со тимот од северот на Италија би можел да се раздели по истекот на договорот.

Санчез има договор до 2026 година кога би требало да се раздели од Удинезе, а се смета дека не е реално да се очекува да остане во Европа, па враќањето во татковината изгледа како добра опција.

Напаѓачот многу рано го напушти Чиле и немаше прилика да заигра за првиот тим на Универзидад, клуб за кој навива.

Но, сепак тие не се единствени за неговите услуги наводно интерес покажал и аргентинскиот гигант, Ривер Плата.