Бразилец ќе биде првото летно засилување за Интер!

Според последните информации, екипата на Интер го договори првото засилување за наредната сезона.

Станува збор за фудбалерот на Марсеј, Луис Енрике.Како што е пренесува овој фудбалер го прифатил договорот кој му бил понуда од клубот од „Џузепе Меаца“ и преостанува само да се договорат двата клуба.

Италијанските медиуми пренесуваат дека разликата помеѓу она што го нуди Интер и барањата на Марсеј се околу десет милиони евра, меѓутоа се очекува двата клуба брзо да дојдат до договор.

Планот е Интер наводно е Енрике да го има на располагање и на Светското клупско првенство во јуни. Енрике е фудбалер кој игра како кирло, но може да помогне и во формацијата 5-3-2 како офанзивен бек.