Ноќ на рекорди: Јунајтед по голема драма испиша историја! (ФОТО)

Англискиот гигант Манчестер јунајтед во неверојатна завршница го нокаутира Лион и се пласира во полуфинале на Лига Европа, а притоа тоа беше ноќ на рекорди на „Олд Трафорд“.

Победата од 5-4 за „ѓаволите“ беше втора во историјата со тој резултат, откако претходно триумфираа против Арсенал во февруари во далечната 1958 година.

„Ѓаволите“ исто така станаа првиот тим кој постигнал два гола во 120. минута во европско натпреварување.

Мечот меѓу Јунајтед и Лион, исто така, стана првиот дуел во историјата на европскиот фудбал во кој биле постигнати пет голови за време на продолженија.