Русите сигурни: Се враќаме на следните Олимписки игри

Министерот за спорт на Русија и претседател на Олимпискиот комитет на оваа земја Михаил Дегјартјов е уверен дека најголемата држава во светот ќе учествува на претстојните Летни олимписки игри.

Во разговор за РИА Новости спорт, тој рече дека тоа ќе биде комплет, со знамето и сите други национални обележја на Русија.

„Моите предвидувања се дека на Олимписките игри во 2028 година ќе се појавиме како репрезентација на Русија со знамето и химната. Ќе одиме сите заедно во Лос Анџелес, вклучувајќи ги и новинарите“, рече Дегјартјов.

Рускиот олимписки комитет е суспендиран од 2022 година кога почна војната во Украина и ги пропушти Летните олимписки игри во Париз што се одржаа минатото лето. Претходно, руските спортисти не настапија ни во Токио, Пекинг и Пјончанг, но од други причини, поради допинг скандал кој ги чинеше одземање на 51 медал. Засега е непознато како и дали Русите ќе учествуваат на претстојните Зимски олимписки игри, идната година во Милано.