„Чкембари“: Пелистер не игра ништо, реагирајте пред ѓаволот да ја однесе шегата!

Фудбалерите на Пелистер минуваа низ резултатска криза во која имаат четири порази на последните пет натпревари, но три се во низа. Таквата ситуација доведе реакција на навивачката група „Чкембари“.

Во својата реакција навивачите изразуваат незадоволство, но и бараат Општина Битола која е сопственик на клубот да побара одговорност од луѓето во клубот.

„Ние како навивачи на ФК Пелистер и воедно како граѓани на Општина Битола, која е 100% сопственик на Фк Пелистер, имаме право да побараме одговори а и да ја повикаме Општина Битола да побара одговорност кај тие што се најодговорни за состојбите и приликите во Фк Пелистер.

Оваа сезона, ФК Пелистер НЕ ИГРА НИШТО! Посебно загрижува општиот впечаток дека во вториот дел сме уште послаби од првиот дел на сезоната. Народски кажано, од лошо полошо. Бараме одговор, кој е задолжен за долгата листа на ПРОМАШЕНИ засилувања кој се доведени во нашиот клуб? Дел од нив, донесени се со повреди или па месеци неактивни пред нивното доаѓање во Битола.

Почитувана Општина Битола, грдни пари од буџетот на нашиот град влевате во Фк Пелистер. РЕЗУЛТАТИТЕ кој се испорачуваат НЕ ГИ ОПРАВДУВААТ СРЕДСТВАТА! Бараме како граѓани на овој град и како сопственици на Фк Пелистер преку нашата општина, ДА ПОБАРАТЕ ОДГОВОРНОСТ за моменталната ситуацијата во клубот. После серијата лоши резултати, Фк Пелистер не е во најдобра состојба. Реагирајте на време пред ѓаволот да ја однеси шегата! Знаете дека се знаеме што се случува во и околу клубот, не реагиравме досега, но време е за барање на одговори!"“, стои во соопштението.

Пелистер во овој момент се наоѓа на осматап озиција на табелата со 39 бода, пет повеќе од Беса која е прв тим во опасната зона и јасно е зошто навивачите се загрижени.