
Пјастри на пол-позиција на трката во Бахреин (ФОТО)
Пјастри во последните секунди од квалификациите го обезбеди првото место од кое ќе стартува на трката, додека зад себе ги остави Џорџ Расел од Мерцедес и Шарл Леклер од Ферари. Во продолжение следат Антонели, Гасли, Норис, Ферстапен, Саинц, Хамилтон и Цунода.
Трката во Бахреин е закажана за утре од 17 часот.
ФОТО: EPA PHOTO