Монако го декласира Марсеј во дербито и го скокна на табелата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Монако триумфираа во дербито против Олимпик Марсеј со 3-0 во 29. коло од француската Лига 1 и го преземаа второто место на табелата.

„Кнезовите“ беа поконкретни во нападот во првото полувреме и до водство стигнаа преку Минамино во 34. минута, додека вторите 45 минути понудија поголеми возбудувања и уште два погодоци во мрежата на гостите.

Емболо во 59. минута зголеми на 2-0 за Монако, додека победата ја потврди Закарија со удар од белата точка во завршницата од средбата.

Монако се наоѓа на втората позиција со 53 бодови, односно еден повеќе од Марсеј. Првото место веќе му припадна на ПСЖ кој има недостижна предност пред ривалите.