Фудбалерите во Италија се обложувале во златара - објавени детали и нови имиња!

Италијанските медиуми денеска пишуваат за нови детали од скандалот со обложување на фудбалери, а покрај Николо Фаџоли и Сандро Тонали кои веќе одработија суспензии сега се појавија и нови имиња.

Во веста која ја објави „Кориере дела Сара“ се појавуваат 12 имиња, вклучувајќи ги и Тонали и Фаџоли, меѓутоа и се откриваат детали.

Наводно, фудбалерите се обложувале на илегален начин, а златарница во Милано им служела како банка за обложување.

„Во итрагата се запленети 1.5 милион евра и разговарано е со 12 фудбалери од Серија А затоа што уплаќале пари на илегални обложувачки платформи. Станува збор за платформи кои биле во сопственост на Томаси Де Џиакоми и Патрик Физер. Се одело преку златарница во Милано. Таа служела како банка за прикривање“, пишуваат Италијанците.

Освен Тонали и Фаџоли кои беа суспендирани истрага во моментов се води за: Алесандро Флоренци, Матија Перин, Вестон Мекени, Николо Заниоло, Леандро Паредес, Анхел Ди Марија, Раул Беланова, Самуеле Ричи, Матео Канселери, Кристијан Буанито и Жуниор Фирпо.

Фото: ЕPA PHOTO