
Деклан Рајс направи нешто што не е видено досега во историјата на ЛШ
Тој постигна два гола во победата со 3-0, па „топчиите“ се на чекор од пласман во полуфиналето во Лигата на шампионите и покрај тоа што бранителот на титулата никако не смее да биде отпишан. Овен што ги воодушеви своите навивачи, Рајс синоќа влезе во историјата на елитното натпреварување.
Тој е петти фудбалер во постоењето на Лигата на шампионите кој постигнал два гола од слободен удар на еден натпревар, по Ривалдо, Кристијано Роналдо, Нејмар и Хаким Зијеш, но прв кој тоа го направи на меч од нокаут фазата.
Интересно е тоа што до синоќа, Рајс никогаш во кариерата, на вкупно 238 натпревари, не успеал да погоди од слободен удар.