
Јуриќ не чекаше ни ден да помине, Саутемптон испадна - тој замина!
Јуриќ 108 дена беше тренер на Саутемптон, загуби 12 од 14 натпревари на кои го водеше тимот.
Саутмптон испиша негативен рекорд, стана тимот кој најрано досега испаднал од Премиер лигата.
Јуриќ во договорот со Саутемтпон имаше клаузула според која може да замине ако тимот испадне во Чемпионшип.
Веднаш откако и теоретски испаднаа, тој си замина од англискиот клуб.
Симон Руск ќе го преземе кормилото на Саутемптон до крајот на сезоната, а во стручниот тим ќе биде инволвиран и Адам Лалана.