
Крај на една блескава ера: Де Брујн по десет години заминува од Манчестер сити!
Белгиецот кој има 33 години со англискиот гигант освои 16 трофеи откако пристигна во 2015 година, вклувачувајќи и шест титули во Премиер лигата, како и Лигата на шампионите во 2023 година.
„На секоја приказна и доаѓа крајот, ова дефинитивно беше најдоброто поглавје во мојата кариера“, објави меѓу другото Де Брујн на социјалните мрежи.
Во претходниот период Де Брујн најчесто се поврзуваше со клубови од МЛС лигата и Саудиска Арабија.