Магдебург без мака го „нокаутира“ Динамо Букурешт

Ракометарите на Магдебург триумфираа со 30-26 против Динамо Букурешт и се приближи до пласман во четвртфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ).

Бундеслигашот имаше одличен почеток на натпреварот и предност од осум голови (14-6), додека Динамо Букурешт се обидуваше да ја намали негативата и на полувреме замина со 11-17.

Магдебург ја контролираше играта и во второто полувреме,а  Динамо Букурешт во завршницата успеа да намали на четири голови негатива (26-30).

Најефикасен во редовите на Магдебург беше Омар Магнусон со шест голови, додека Акименко постигна шест погодоци за Динамо Букурешт.