Македонските прволигаши ќе добијат по 150.916 евра!

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе неколку одлуки, а една од нив беше за распределба на средства на тимовите од Првата македонска фудбалска лига.

Денеска беше донесена одлука за распределба на средствата наменети за солидарна шема на УЕФА за сезоната 2024/25 во висина од 1.811.000 евра, односно секој прволигаш ќе добие по 150.916 евра.

„Средствата ќе бидат распределени на клубовите од Прва МФЛ кои ќе ги исполнат критериумите за натпреварувачата сезона (програма за развој и минимум правни информации). Средствата ќе бидат распределени подеднакво, односно секој клуб ќе добие по 150.916 евра“, соопшти ФФМ.