
Хамилтон ја освои првата пол-позиција како возач на Ферари!
Тој имаше најдобро време во третата квалификациска сесија и ја обезбеди пол-позицијата за спринт трката во Кина.
До него ќе стартува актуелниот шампион Макс Ферстапен од Ред Бул, а позади се Оскар Пјастри од Мекларен и Шарл Леклер од Ферари.
Во топ десет се пласираа и Расел, Норис, Антонели, Цунода, Албон и Строл.
Спринтот ќе се вози во 19 кругови, односно 100 километри. Главната трка се вози во недела.